Упатство за гласање на референдумот


На референдумот што ќе се одржи утре, граѓанинот запишан во Избирачкиот список може само еднаш да се појави на избирачкото место за остварување на своето гласачко право.

Право на глас има секое лице кое е запишано во изводот од Избирачкиот список и поседува важечка лична карта или пасош. Гласањето се врши лично.

По доаѓањето на избирачкото место на граѓанинот најнапред му се проверуваат документите за лична идентификација, и тој се потпишува во изводот од Избирачкиот список. Потоа член на избирачкиот одбор му издава гласачко ливче на кое на предната страна мора да му стави печат.

Освен важечка лична карта или пасош за гласање не се прифаќаат документи како возачка дозвола, здравствена книшка ученичка и студенска легитимација и друго.

Според упатствата на Државната изборна комисија (ДИК), при утврдување на личнот идентитет, гласачот е должен пред избирачкиот одбор да се претстави на начин на кој е претставен на фотографијата на документот за лична идентификација.

Ако избирачот кој се наоѓа во Избирачкиот список е неписмен или има физички недостаток тој ќе стави отпечаток од десниот показалец на местото резервирано за потпис во изводот од Избирачкиот список.

Не смее да гласа избирач кој ќе одбие да се потпише во Избирачкиот список.

Се гласа зад параванот за гласање, со заокружување „за“ или „против“ исклучиво со хемиско пенкало во сина боја. Доколку гласачот погреши нема да добие друго гласачко ливче. Превитканото гласачко ливче се става во гласачка кутија. Не смее да се дозволи гласачот да го напушти гласачкото место без да го остави ливчето во кутијата.

Зад еден гласачки параван е дозволено да има еден гласач освен во случај кога на гласачот му е потребна помош. Лицата со физички недостаток и неписмените според Изборниот законик имаат право со себе да повикаат лице кое ќе им помогне при гласањето.

Со Уставот на Република Македонија се гарантира правото на тајност на гласачите. Забрането е семејно и групно гласање и гласање во име на друг.

Гласањето ма рефререндумот в недела почнува во 7, завршува во 19 часот.