Уметничка измама: На изложба од Модилјани прикажани биле фалсификат слики


Околку 20 до 21 слика кои биле изложени во Џенова биле фалсификати, тврди експерт кој ги проучил делата. Изложбата била најавувана како ексклузивна изложба на која ќе бидат прикажани слики од славниот Амедео Модилјани.

Експертот бил ангажиран од судот во Џенова и заклучил дека сликите се фалсификати, пренесува АНСА.

Адвокатот Фурио Тручи, чија специјалност е заштита на правата на потрошувачите, ги повика посетителите на изложбата да побараат отштета поради измамата.

Изложбата беше затворена откако Обвинителството отвори истрага по основано сомнение што го изразиле експерти за сликарство во врска со автентичноста на сликите.