Уметниците од „Грин комјунити“ со музички перформанс во Прилеп


Битолското Здружение „Грин комјунити“ ќе гостува во клубот „Хепи“ (Happy) во Прилеп со културно-уметнички настапи со цел претставување на современата култура во општеството што нè опкружува.

Настанот е во организаицја на „Рум 313“ и „Кофи Хаус“, а ќе се одржува на 7 април, сабота, со почеток во 22 часот.

„Грин комјунити“ (Green community) преку уметничките настани нè запознаваат со повеќе стилови и култури на електронската музика, попратени со останати уметности како што се визуали, фотографии, уметнички изложби и слично.

Уметници кои ќе бидат дел од случувањето во сабота се Кристијан Петровски талентиран музички визионер, добро познат по неговите диџеј сетови и звукот кој е мешавина на варијација помеѓу дип и техно, измешано со добар ритам, тек-хаус и прогресив. Потоа, настапува „Џосс“(JOSS) кој е актуелен изминатата година дена низ македонските клупски локали. Неговиот избор на музика и способностите кои ги владее позади грамофоните.

За визуелната уметност во сабота ќе се погрижи „Мастерпис“ (MASTRAPIECE) или Матеј Шундовски. Артист чии визуелни проекции може да се видат по театрите ширум Македонија. На овој настан ќе настапи со специјална инсталација на проектори кои го опфаќаат скоро целиот простор на локалот „Хепи“.

За дополнителна визуелна атмосфера же се погрижат, фотографот Александар Петровски, домаќинот Митрик, а за звукот и димните ефекти е задолжен „Кавалески логистик“. Дизајнот на постерот е на Илија Димкоски.

Влезниците ќе чинат 100 денари до полноќ и 150 денари по полноќ.