Украинскиот парламент го продолжи специјалниот статус за Донбас
Украинската врховна Рада усвои предлог-закон за продолжување на специјалниот статус на Донбас до 31 декември следната година.
Нацрт-законот во украинскиот парламент што го поднесе претседателот Петро Порошенко, на 3 октомври под ознака „итно“ беше поддржан од 245 пратеници.
Во документот се наведува дека примената на законот ќе придонесе за создавање неопходни услови за продолжување на процесот за мирно решавање на ситуацијата во извесни области на регионот на Донецк и Луганск и за обезбедување обнова на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.