Украина забрани гласање на Русите на нејзина територија
На граѓаните на Русија нема да им биде дозволен пристап до дипломатските мисии во Украина в недела кога се одржуваат избори за претседател на Русија, соопшти денеска министерот за внатрешни рабопти на Украина Арсен Аваков.
– Министерството за внатрешни работи соопштува дека безбедносните аранжмани на руската дипломатска мисија во Украина конкретно во Киев, Карков, Одеса и Лавов не опфаќаат пристап на граѓани кои чекаат да гласаат на избори, изјави министерот.
– Констатирајќи ја руската хибридна и агресивна војна против Украина, украинското Министерство за внатрешни работи го оцени како невозможно одржувањето избори кои ги кршат украинските закони на украинска територија, изјави Аваков.
Централчната изборна комисија на Русија соопшти дека заедно со МНР ја разгледува ситуацијата во Украина и соработуваат со органите на редот и структурите одговорни за безбедност на руските државјани,вклучително и оние што се во дипломатски мисии.