Украдена бронзена биста од училиштето „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров
Од училиштето „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров била украдена бронзена биста во вредност од 66.000 денари со ликот на македонскиот револуционер.
Како што соопшти МВР, на втори овој месец, во 7:05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.С.(40) вработена во училиштето „Страшо Пинџур“ лоцирано на улицата „Лука Геров“ пријавила дека во временскиот период од 30.04 до 2.05.2018 година од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба на една бронзена биста со ликот на Страшо Пинџур, со димензии 80 на 40 сантиметри.
Се работи на целосно расчистување на случајот.