УЕФА отвори истрага против Кристијано Роналдо


Кристијано Роналдо по мечот со Атлетико го имитираше тренерот на Мадриѓаните Диего Симеоне и неговото провокативно радување и затоа ќе помине исто како и темпераментниот Аргентинец. УЕФА официјална отвори истрага против Роналдо, поради непристојниот гест по победата над Атлетико во Торино во Лигата на шампионите.

Симеоне по победата во Мадрид се фати за меѓуножјето, со што сакаше да покаже дека неговиот тим има храброст. Роналдо одговори со иста мерка во Торино, кога со хет-трик го исфрли Атлетико од понатамошно натпреварување.

Меѓутоа, ако се суди по тоа како УЕФА реагираше во случајот со Диего Симеоне, тогаш ни Кристијано Роналдо не треба да се плаши. Тренерот на Атлетико беше само финансиски казнет, со 20.000 евра, па нема основа ни Португалецот да помине полошо од тоа.

Со самото тоа, речиси да нема опасност Роналдо да го пропушти првиот меч со Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампионите.