УЕФА го казни Зенит поради Ратко Младиќ


Европската фудбалска асоцијација го казни рускиот клуб Зенит со парична казна од 10 илјади евра делумно затворање на стадионот за следниот домашен натпревар на европска сцена.

Причината е транспарентот на кој стоеше името на Ратко Младиќ за време на натпревар од Лига Европа против македонскиот шампион Вардар одигран на 23 ноември.

Транспарентот со името на Младиќ е причина за казна поради расизам, а исто така Зенит е санкциониран и за употребата на неговите навивачи на пиротехнички средства.

Транспарентот што ја налути УЕФА е „Ратко Младиќ, херој на Србија“.