Убиство во Шишево


Меѓусебни расправии меѓу две групи од скопското село Шишево заврши со убиство на дваесетгодишник од селото. Според пријавата во полиција, тројца жители на Шишево се движеле со возило БМВ, а пред ни се движел автомобил „мерцедес“. На влезот од селото возилото „мерцедес“ застанало до патот, а по него запрел и Г.А.

Според пријавеното, на влезот во с.Шишево возилото „Мерцедес“ застанало до патот,а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилото и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А..

С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. синоќа околу два часот во болницата „Систина“, каде А.А. починал. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.