Убиецот на Мартин Нешковски e во самица откако направил инцидент


Убиецот на Мартин Нешкоски, Игор Спасов кој издржува затворска казна во Идризово, од утринава е преместен во изолација, откако синоќа направил инцидент.

Од Управата за извршување санкции, за НОВА изјавија дека директорот утринава испратил две лица од Управата да извршат надзор во затворот за да утврдат што точно се случило. Оттаму велат дека Спасов не го почитувал редот во затворот, но не потврдија дали синоќа тој избегал, па сам се вратил во затворот, како што пишуваат некои медиуми.

Повеќе информации најавија за попладне. Директорот на Идризово, Антонио Димов од утринава не е достапен за контакт.

Игор Спасов издржува затворска казна од 14 години за убиството на Мартин Нешковски, на плоштадот Македонија на прославата  на ВМРО ДПМНЕ по парламентарните избори.