Убиецот на бугарската новинарка се враќа дома
Човекот осомничен за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова наскоро ќе биде префрлен во Бугарија, соопшти Обвинителството во германскиот град Целе. Според Обвинителството, тој ќе биде екстрадиран за десет дена.
– Дваесетгодишното момче призна дека под дејство на алкохол и дрога ‘ја удрил жртвата’ и ја ‘фрлил во грмушка’. Тој исто така тврди дека не ‘сакал да ја убие жртвата и негира дека ја силувал’, наведува Обвинителството.