Убиен напаѓачот од Стразбур


Напаѓачот од Стразбур е убиен вечерва од страна на француските специјални сили.

Терористот, познат на француската и германската полиција поради повеќе криминални дела, беше убиен на улицата Лазарет, јави париски Фигаро, повикувајќи се на полициски извори.

Шериф Шекат кој уби три лица, додека 13 беа повредени, никогаш не го напуштил градот во кој го изврши крвавиот напад.

Претходно беше јавено дека има нова полициска акција во квартот Недорф и во квартот околу стадионот на Стразбур – Мено, каде биле слушнати повеќе истрели.