Убиено едно лице попладнево во Чаир
Попладнево околу 18:00 на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир се случил вооружен инцидент во кој, неофицијално, едно лице го загубило животот.
Полицијата го потврди инцидентот и врши увид на местото на настанот.
Според неофицијални информации, непознати лица пукале кон Б.И.
Инцидентот се случил на автобуската станица во близина на средното училиште „Цветан Димов“.