Уапсен раперот Екшн Бронсон поради пушење марихуана на концерт во Косово


Раперот Екшн Бронсон е уапсен во Косово бидејќи на сценски настап пушел марихуана на бината.

Според полициските извештаи, раперот ја запалил „цигарата“ и кусо потоа ја фрлил во публиката. Марихуаната е забранета во Косово, па секако – Американецот завршил в притвор.

Порталот „ТМЗ” наведува дека најверојатно ќе има само формално обвинение, и Екшн наскоро ќе може да замине од Косово.

Раперот викендов настапуваше во рамките на фестивалот „Сани хил“, чиј организатор е таткото на Дуа Липа, Дукаѓин Липа.

Раперот Екшн Бронсон живее и работи во Њујорк, а неговото потекло по татко е од Косово.

Повеќе за фестивалот „Сани Хил“ кој викендов се одржа во Приштина, прочитајте ТУКА.