Уапсен бизнисмен за убиството на словачкиот новинар


Словачкиот бизнисмен Мариан Кочнер обвинет е за поврзаност со убиствата на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеничка Мартина Кушнирова.
Оваа информација ја објави OCCPR, пренесувајќи ги локалните медиуми. полицијата ја потврди информацијата за медиумот Sme Daily.
Куцијак, кој пишуваше за политичката корупција во Словачка, најден е мртов со својата вереничка Мартина Кушнирова во нивниот дом покрај Братислава.
Двајцата имаа 27 години.
Куцијак и неговата партнерка беа убиени во февруари 2018 година, додека тој работел на сторија за поврзаноста на словачките политичари со италијанската мафија, посебно со шефот на озлогласената група Ндрангета на југот на Калабрија.
Убиствата поттикнаа сериозна политичка криза и доведе до колапс на владата под водство на поранешниот премиер Роберт Фиц кого го наследи социјалдемократот Петер Пелегрини.