Уапсен Алек Болдвин поради паркирање


Американскиот актер Алек Болдвин е уапсен откако се степал на паркинг во Њујорк. Според медиумите, актерот бил приведен по расправија за паркинг место, која прераснала во физичка пресметка. Тој ќе биде обвинет за напад и закани.

Актерот по сослушувањето во полиција е ослободен, а се очекува да се појави перд суд во текот на демекври.

Ова не е прв пат 60-годишниот Болдвин да има проблеми со законот. Тој и во 2013 и во 2014 година беше уапсен поради нарушување на јавниот ред и мир.