Уапсено едно лице поради закани кон семејството на косовскиот претседател


Приштина – Едно лице од село Јабланица кај градот Клина е уапсено пред два дена поради тоа што упатило закани врз членови на семејството на косовскиот претседател Хашим Тачи во селото Буроја, близу Скендерај.

Според косовските медиуми, жителот на Јабланица отишол во семејниот дом на братот на Тачи, каде што им се заканувал на неговите блиски поради незадоволство од начинот на кој надлежното Министерство ги доделило земјоделските субвенции, иако претседателот на државата нема надлежности во таа работа.

Веста за апсењето за порталот kallxo.com ја потврдила обвинителката Фикрие Сулејмани, која информира дека, по пријава од братот на претседателот, побарала притвор за заканувачот.

Портпаролот на полицијата за регионот на Митровица, Авни Заити потврди дека откако во полицијата во Скендерај е пријавено лицето кое се заканувало на семејството на косовскиот претседател, истото е приведено и дека истражната постапка продолжува