Уапсени 700 демонстранти во Франција
Полициските сили од изутрина ги контролираат пунктовите на кои се собираат демонстрантите, притоа одземајќи им ја опремата, како што се заштитни очила, шлемови и спрејови.
Превентивните апсења се вршат поради сомнеж дека демонстрантите кои поседуваат таква опрема планираат насилства врз луѓе или уништување објекти.
Француските медиуми проценуваат дека на денешните протести учествуваат помалку демонстранти отколку минатата недела. Според нив денеска на улиците во француските градови излегле 31.000 демонстранти, додека на 1 декември имало 36.000.
Ситуацијата е најтензична на големите париски булевари, каде околу пладне биле поставени барикади.