Тухел е новиот тренер на ПСЖ


Германскиот фудбалски стручњак, Томас Тухел, е новиот тренер на Пари Сен Жермен, соопштија од францускиот клуб.

Тој денеска во Париз потпиша двегодишен договор и на клупата на ПСЖ ќе го замени Унаи Емери.

Тухел последните две сезони беше тренер на Борусија Дортмунд, но поради несогласувања со раководството на клубот си поднесе оставка само три дена по освојувањето на Купот на Германија.

Негова голема предност е тоа што течно зборува француски јазик и сака напаѓачки поставена игра, што оставило силен впечаток кај управата на парискиот клуб.

ПСЖ оваа сезона ја освои титулата во француското првенство, но првите луѓе на клубот не го криеја разочарувањето од пласманот во Лигата на шампионите.