Турците од руски туристи годинава заработиле 4,5 милијарди долари


Приходот на Турција од туристите што пристигнуваат оваа година од Русија достигна 4,5 милијарди долари, рече турскиот претседател Реџеп Ердоган во Анкара.

„До неодамна приходите од туристи од Русија беа на ниво од 800 милиони долари. Фала богу, годинава достигнавме 4,5 милијарди“, рече претседателот во говорот во Турската академија на науките емитирана во живо на телевизискиот канал „Хабер Турк“.

Од 2010 година Турција е една од најпосетените дестинации за Русите, заедно со Египет. Најмногу руски туристи Турција ја посетија во 2015 година, кога 3,5 милиони Руси одмораа во Турција.

По воведувањето на забрана за чартер-летови помеѓу Русија и Турција и за продажба на аранжмани, протокот на туристи од Русија практично запре. Во 2016 година падна за 76% и изнесуваше само 866.000. Оваа година ситуацијата драстично се подобри – бројот на туристи од Русија во првото полугодие се зголеми 9 пати во споредба со минатата година и веќе изнесува 1,6 милиони.