Турски театар вечерва со претстава „Среќна нова година“


НУ Турски театар ќе ја изведе претставата ,,Среќна нова година” по мотиви на Даниел Хармс и Дејвид Ајвс во адаптација и режија на Бојан Трифуновски вечерва во 20 часот. Претставата ќе биде изведена на сцената во „Театар Комедија“ и се изведува со титл на македонски јазик.

Уметник кој истражува ЗОШТО светот САКА да се самоуништува, создава ментален простор во кој слободно размислува и твори. Таа негова ментална соба има пијано и во неа тој комуницира со своите претци и наследници, обидувајќи се да одгатне што нè тера да работиме против себе. Во неговиот замислен свет, во константна состојба на 5 за 12, пред Нова година, 10 масони преку јазикот на Хармс и на Ајвс создаваат атмосфера за интроспекција и самосоочување. Човек на човека му е волк, лошо маскиран во евтин зајачки костум. Лабораторија за самоспознание и за обид да се дефинира процесот на елиминација на непродуктивни идеи во творечкиот ангажман. Човек против нечовечноста во себе. Човек со пијано како метафора против смртта.