Трудо среде скандал, го напуштаат членови на владата


Канадскиот премиер Џастин Трудо, го обвинуваат за притисок врз поранешната министерка за правда, за да ја заштити најголемата градежна фирма во земјата во судењето за корупција.
Критичарите го обвинуваат Трудо дека извршил притисок на поранешната министерка за правда, за да ја заштити градежната фирма на која ѝ се суди за корупција. Неколку членови на владата поднесоа оставки, а последна е министерката за финансии Џејн Филпот.
Опозицијата го повикува премиерот да поднесе оставка, а популарноста, пред парламентарните избори во октомври, му паѓа. Му се случија инциденти со демонстранти на неговите собири.
„Знам дека госпоѓа Филпот веќе некое време вака се чувствуваше и иако сум разочаран, ја разбирам нејзината одлука да отстапи и сакам да ѝ се заблагодари на службата“, рече Трудо на еден собир, кога накусо беше прекинат од демонстранти.