Трофејот од Фед купот за Америка


Тенисерките на Соединетите Американски Држава се победници во Фед купот, откако денеска во финалето ја победи Белорусија во Минск.

Решавачкиот поен на САД го донесоа Шелби Роџерс и Коко Вандевеј кои во играта на двојки беа поуспешни од своите ривали Сабаленка-Саснович.

Американската двојка го доби мечот со 2-0, по сетови 6:3 и 7:6.

Конечниот резултат е 3-2 за Американките.

За САД ова беше вкупно 18.трофеј во Фед купот и прв по пауза од 17 години, додека Белорусија остана без титула во своето прво финале.