Три лица каснати од кучиња скитници


Две лица во Скопје и едно во Гостивар вчера пријавиле во полиција дека биле каснати од куче.

Д.С. (79) од Скопје, во Полициската станица Аеродром пријавил дека на 2 април околу 13:30 часот пред неговата куќа на улицата „Анастас Митрев“ бил каснат од куче скитник во пределот на десното колено.

Т.Ј.(59) од Скопје, исто така, во Полициската станица Аеродром пријавила дека на 2 април 2018 година околу 6:30 часот додека се движела кон основото училиште „Љубен Лапе“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Во Полициската станица во Гостивар, пак, Б.Х. (36) вчера пријавил дека истиот ден околу 12:30 часот на улицата „Белградска“ неговиот 10-годишен син додека се враќал од училиште, бил нападнат и каснат од куче. Кучето се нафрлило врз детето и му нанело повреди во пределот на десната надлактица и левата нога.