Три децении користел метеорит вреден 100.000 долари како потпирач за врата


Професорка по геологија од Универзитетот на Мичиген, Монализа Сиберску, открила дека еден локален жител над 30 години како држач за врата користел камен тежок десетина килограми, кој всушност бил метеорит чија вредност може да достигне и до 100.000 долари.

– Ова е највредниот предмет кој кога било сум го држела в рака, како во парична, така и во научна смисла, изјави Сиберску.

Како што објави „Хафингтон Пост“, сопственикот на метеоритот, кој претпочитал да остане анонимен, и рекол на професорката дека каменот го нашол во 1988 година на својата фарма во градот Едмор во американската сојузна држава Мичиген.