Три години од првата „бомба“ на Зоран Заев (Видео)


Пред точно три години, лидерот на СДСМ од партиското седиште за првпат пред јавноста ги обелодени снимките, таканаречените „бомби“.

Заев тогаш откри дека биле прислушувани над 20 илјади граѓани, меѓу кои и новинари, функционери од тогашниот состав на Владата, но и претседателот Иванов. СДСМ набргу по првата бомба, поднесе и кривична пријава против ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, против ексначалникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, како и против непознати лица во УБК.

Овие „бомби“ беа првичната причина за формирање на Специјално јавно обвинителство, односно Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, составено од обвинителката Катица Јанева и уште 12 дополнителни обвинители.