Трифун Костовски и се враќа на музиката: Ќе пеам песни кои ми лежат


Поранешниот скопски градоначалник, бизнисменот Трифун Костовски (71), ѝ се враќа на музиката , со нов албум кој се очекува наесен. Албумот се снима во музичкото студио на Александар Митевски, негов соработник и пријател. Митевски на социјалните мрежи објави фотографии од Костовски и него од студиото „Торус“.

-Ја сакам музиката и ја разбирам.Новиот албум ќе содржи од шест до осум песни со музика која ми лежи и која ќе ја интерпретирам на мој, специфичен начин.Претежно ќе бидат балади во комбинација со рецитал, ни изјави Костовски.

Бизнисменот кој во текот на животот ги подржуваше македонскиот спорт, и култура и имаше политички амбиции, секогаш истакнуваше дека музиката му е хоби и задоволство, а македонската јавност сѐ уште со воодушевување го потпевнува неговиот хит „Срце тетовирано“.

„ Пропеав на 50 години, и не ми беше лесно да го направам тој чекор. Музиката е нешто посилно од мене.Од семејството и пријателите ја имам сета поддршка, очекувам и на публиката да и се допаднат новите песни, зашто ги пеам од душа, вели Костовски, кој претходно има соработувано и со композиторот Григор Копров .(Л.С.)