Трифуновиќ: Вучиќ е разнишан од протестите, но опозицијата не прави ништо
– Зошто некој од нас кој шета цело време и кој се чувствува измамен, зошто да му даде шанса на кој било политичар или политичарка да застане пред нас и да кажува нешто. Опозицијата мора да проголта многу прашина, да разговара и да не убеди и да ни понудат многу работи за да им поверуваме, изјави Трифуновиќ за весникот „Данас“.
Тој рече дека народот кој е на улица, сака да биде таму и да и понуди шанса на опозицијата.
– Опозицијата сега мора да види како ќе ја искористи оваа можност и што ќе стори самата за себе. Како сите нас да не убеди дека е опозиција на која некогаш ќе можеме во одреден момент да и го дадеме својот глас, изјави Трифиновиќ.
Тој додаде дека и самата опозиција оценила оти не треба да биде во првите редови.
– Ова го започна народот и така треба да остане. Се додека нешто не се случи од страна на опозицијата. Тие треба нешто конкретно да направат и да му понудат на тој народ. Не знам дали и кога тоа ќе биде, додаде Трифуновиќ.
Тој оцени дека постојат милиони причини за граѓанските протести, а симболот на сè е претседателот на државата Александар Вучиќ.
– Милион работи не собра заедно. Луѓето станаа против оваа Влада и овој систем, вели Трифуновиќ.
Според него, Вучиќ е разнишан, бидејќи тој ова не го очекувал и не му е потребно.
– Сега работи напорно на секој начин да спинува и да се појави како победник. Очигледно тие почнаа да реагираат малку поинаку и се прашуваат како сето ова да го смират и што се случува. Се обидуваат на различни начини да ги превземат протестите во разни градови и да уфрлат нивни луѓе, истакнува Трифуновиќ.
Наредниот граѓански протест во Белград е највен за среда, на годишнината од убиството на Оливер Ивановиќ, кога се очекува да излезат голем број белграѓани, но и граѓани од другите градови во Србија.