Триумф на Вардар во дербито над Академија Пандев


Првакот Вардар успеа да ја продолжи серијата победи во домашното првенство откако попладнево во дуел од 8.коло (одложен) го совлада тимот на Академија Пандев како гостин со 2:0. Ова за „црвено-црните“ е четврта победа по ред. Головите за Вардар ги постигнаа: Максим Максимов во 45.минута и Ацо Стојков во 88.минута. Овие две екипи натпреварот од 17.коло ќе го играат на 10.декември во Скопје.

Попладнево се одиграа и три дуели од 17.коло. Силекс со пресврт стигна до победа на домашен терен над Работнички со 2:1, откако противникот водеше со 1:0. Гостински триумф оствари Победа на теренот на последнопласираниот Скопје, додека Пелистер и Шкупи одиграа нерешено 2:2. Пелистер имаше водство од 2:0.

Вчера Шкендија ја победи Ренова со 6:1.

Табела: Шкендија 43 бодови (17 натпревари), Вардар 32 (15), Силекс 28 (17), Академија Пандев 25 (16), Работнички 20 (16), Шкупи 20 (17), Победа 18 (17), Ренова 17 (17), Пелистер 16 (17) и Скопје 10 (17).