Трио „Џентлемен“ на „Скопско лето“


Во рамките на „Скопско лето“, вечерва, во 21 часот ќе се одржи концерт „One Night Only“ на Trio Gentlemen , на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Триото го сочинуваат Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон, Дарко Нешовски – тенор.

Билети ќе може да се купат на самиот влез на Сули ан, пред почетокот на концертот, по цена од 200 денари.

Трио „Џентлмен“ функционира по урнекот на светските поп-класични состави, се наоѓаат најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир. Публиката ќе може да чуе наполитански канцони, шпански песни, руски романси како и македонско творештво.

Досега настапувале низ цела Македонија, но и надвор од земјата.