Тригодишно девојче повредено од „мерцедес“


Тригодишно девојче било тешко повредено кога во неа удрил автомобил „мерцедес“ со кој управувал 20-годишен скопјанец.

МВР во денешниот билтен информира дека сообраќајната несреќа се случила вчера во 16:30 часот во селото Батинци, а возилото го управувал И.А. од Скопје.

Девојчето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.