Трибина на ДПМ посветена на академик Милан Ѓурчинов


Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе организира трибина „Епохата на естетскиот плурализам – дебата за критиката“ посветена на академик Милан Ѓурчинов по повод 90-годишнината од неговото раѓање.

Како што најави ДПМ, на трибината ќе учествуваат академик Влада Урошевиќ, д-р Елизабета Шелева, д-р Лидија Капушевска Дракулевска, д-р Соња Стојменска Елзесер и д-р Димитрија Ристевски.

На отворањето на трибината, претседателот на македонската писателска асоцијација Веле Смилевски на академик Ѓурчинов ќе му предаде Повелба на ДПМ по повод неговото 60-годишно членување во  Друштвото.

– Како есеист, критичар, книжевен историчар, теоретичар и антологичар, Милан Ѓурчинов остави силен печат во сите позначајни фази од развојот на македонската литература, во времето на книжевната конфронтација, одбраната на модернистичките тенденции и промовирањето на книжевниот плурализам, до најновите литературни процеси од 21 век, соопшти ДПМ.

Милан Ѓурчинов својот работен век го помина како професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Беше шеф на катедрата за славистика и покренувач и раководител на катедрата за компаративна книжевност. Неговите Избрани дела се објавени  во десет тома