Тренерот на Црвена звезда негира дека има конфликт со Перо Антиќ


Тренерот на кошаркарскиот клуб Црвена звезда, Душан Алимпиевиќ, на вонредна прес-конференција соопшти дека Перо Антиќ не играл поради проблеми со повредата, а гласините дека постои нетрпение во клубот ги отфрли како невистинити.

Алимпиевиќ на конференцијата, која ја свика претседателот на клубот Небојша Човиќ, а на која присуствуваа и Антиќ и Бранко Лазиќ негираше дека дошло до физичка пресметка со капитенот .

– Мислам дека Лазиќ и јас сме доволно морални, кога нешто такво навистина би се случило еден од нас да не биде во клубот, истакна Алимпиевиќ.

Тренерот на „црвено-белите“ исто беше критикуван дека нема добар однос со еден од најискусните во екипата, македонскиот интернационалец Антиќ.

– Јас не можам да го скротам Перо? Што требаше да направам, да му ги скршам стапалата? Тој веќе даде многу повеќе од она што зборувавме телефонски кога дојде. Човек со голема кариера и три освоени титули од Евролигата. И ние треба сега да му го уништиме стапалото? Не ми паѓа на памет“, наведе Алимпиевиќ.

На прес-конференцијата и Антиќ го потврди кажаното од страна на тренерот.

– Имаме доверба во Дуле. Тој е тренер и ние работиме онака како што ќе ни каже, и покрај  разликите, нагласи Антиќ.

Повод за оваа вонредната прес-конференција беа пишувањата во српските таблоиди за наводната тепачка меѓу Алимпиевиќ и капитенот Бранко Лазиќ, како и за постоењето на конфликт меѓу тренерот и Антиќ