Трговски центар и згради ќе „никнат“ кај депото на „пајакот“


Нов трговски центар и шест згради за домување се предвидени со новиот детален урбанистички план на Општина Центар, кај железничката станица во Скопје, за која  штотуку зависи јавната презентација и анкетата.
Планот опфаќа површина од 8,51 хектари во градската четврт нова железничка станица. Се предвидува изградба на нови станбени и деловни објекти, зелени површини и единици за здравствена и социјална заштита. Притоа, во делот на општината Центар планот предвидува инфраструктура и станбени згради, а во делот на општината Аеродром големи трговски единици и единици за здравствена и социјална заштита, а истиот тој предвидува и паркови и зеленило на територијата на двете општини.
Конечниот предлог-план по деталниот урбанистички план градска четврт И09 за новоформираната градска четврт беше на јавна презентација во просториите на општината Центар. Граѓаните можеа да видат и кои се границите на опфатот. Северната граница се движи по оската на булеварот Кузман Јосифовски-Питу, на југоисток границата оди по должината на улицата Борис Кидрич. Југозападната границата се движи по оската на Третата македонска бригада и на северозапад по крајната линија на улицата Никола Карев, која оди во иста линија со Железничката станица и Маџир Маало.
– Со планот се предвидени нова инфраструктура и нови станбени објекти за колективно домување, односно згради. Предвиденото зеленило во рамките на ДУП-от е во обем што би бил можен со постојната состојба, односно таканареченото парковско и заштитно зеленило. На ова место е предвидена изградба на шест објекти со катност П+7, со исклучок на постојниот објект, кој е со катност П+4. Станува збор за објекти за колективно живеење со приземје и плус седум ката во висина, иако според генералниот урбанистички план општината можеше да дозволи П+12, приземје плус дванаесет ката, но одлучивме дека се доволно седум ката. Постојната зграда на тој дел е П+4, приземје плус четири ката, објект на кој му дадовме да се направи доградба. Објектите се блоковски решени – објаснуваат од општината Центар.
Јавната анкета на планот И09 за општината Центар заврши заклучно со 27.2.2019 година, а по сумирањето на сите забелешки што ги доставиле граѓаните, истите тие ќе се анализираат, сумираат и евентуално – ќе се вметнат во идниот план.
Со генералниот урбанистички план од 2012 година овој опфат ја менува намената и се формира градска четврт И09 – нова железничка станица.