Трамп ќе воведува санкции за руски олигарси
САД планираат оваа недела воведување санкции за руски олигарси поради наводното мешање на Москва во американските избори во 2016 година. Тој потег се надоврзува на одлуката на Вашингтон од 15 март кога беа санкционирани 19 поединци.
Според американски медиуми кои се повикуваат на извори, таа одлука може да биде соопштена веќе денеска.
– Тоа би бил досега најагресивен потег на на САД против руската бизнис елита, наведуваат изворите.