Трамп посакува доживотна претседателска функција и во САД
Претседателот САД, Доналд Трамп, смета дека е одлично што кинескиот претседател ќе остане на претседателската позиција доживотно и верува дека еден ден и Соединетите Американски Држави ќе го направат истото.
Забелешките на Трамп беа дочекани со смеа и аплауз на формалниот ручек за републиканските донатори во саботата на неговиот имот во јужна Флорида. Си-ен-ен вели дека има и снимка од овие забелешки.
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг неодамна ја зајакна својата моќ. Трамп на собирот рече: „Тој отсега е доживотен претседател. И тој е одличен“. Трамп додаде: „Мислам дека ова е одлично. Можеби и ние еден ден ќе ја пробаме оваа опција“.
Трамп ја критикуваше својата противничка од претседателските избори Хилари Клинтон и го повтори својот став за „корумпиран систем“, а инвазијата на Ирак ја нарече најлошата одлука што некогаш е направена. Тој го нарече поранешниот претседател Џорџ Буш јуниор како „уште еден вистински гениј“.