Трамп на Твитер: Перфектно изведен напад, мисијата е завршена


Во својата прва твитер-порака по нападот врз Сирија, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападот бил извршен перфектно и дека мисијата е исполнета.

– Перфектно извршен напад ноќеска. Благодарност до Франција и до Обединетото Кралство за вашата мудрост и за моќта на вашите одлични армии. Не можевме да имаме подобри резултати. Мисијата е завршена! – напиша Трамп алудирајќи на паролата на американскиот претседател Џорџ В. Буш по освојувањето на Ирак во 2003 година.