Трамп и Меркел ја пофалија одлуката на НАТО да го намали бројот на руската мисија во Алијансата


Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел ја пофалија одлуката на НАТО да го намали бројот на руската мисија во Алијансата.

Трамп и Меркел разговараа по телефон за одлуката, информираат од Белата куќа.

Двајцата лидери ги пофалија одлуките на државите од ЕУ, како и на другите западни земји, да протераат руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија.

Германскиот владин портпарол Шефен Зајберт рече дека двајцата лидери „ ги поздравиле координираните активности на европските држави и сојузниците од НАТО, како силен сигнал за единство кон однесувањето на Русија“.

Тој рече дека Меркел, исто така, повика на дијалог за трговската политика помеѓу ЕУ и САД.

Белата куќа информираше дека Трамп разговарал по телефон и со францускиот претседател Емануел Макрон. Двајцата лидери ги пофалиле усогласените одлуки за протерување на руските дипломати.