Трамп и Ким ќе се сретнат повторно
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека повторно ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, а средбата е планирана за јануари или февруари идната година.
„Се разгледуваат три локации за средбата“, изјави Трамп во претседателскиот авион на враќање во Вашингтон од Самитот на Г-20 што се одржа во Буенос Аирес. Тој додаде дека со Ким добро се согласуваат и оти имаат „добар однос“, како и дека сакал да го покани севернокорејскиот лидер во САД.
Преговорите помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг за прекин на севернокорејската нуклеарна програма наизглед како да се во застој по историската средба на Трамп и Ким во Сингапур во јуни годинава. Двајцата лидери тогаш се обврзаа за денуклеаризација на Корејскиот Полуосторв, но со многу општи формулации, како и без одредување на временска рамка.