Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир


Американскиот претседател Доналд Трамп  изјави дека смета оти заслужува Нобелова награда за мир поради неговата политика кон Сирија и Северна Кореја, но, исто така, жали што веројатно нема да ја добие.

„Му ја дадоа на Обама, тој дури и не знаеше зошто му беше дадена. Тој беше таму околу 15 секунди и веќе му ја доделија Нобеловата награда”. Тој праша: „О, со што сум заслужил?”, напиша  Трамп и се пожали на својата ситуација.

„Јас веројатно никогаш нема да ја добијам”, додава Трамп.

Тој тврди дека спасил три милиони животи во сириската провинција Идлиб, што е во рацете на бунтовниците, кога тој предупредил дека Русија, Иран и сириската влада не треба извршат напад врз Идлиб.