Трамп во следните 24 часа ќе соопшти голема објава за Сирија


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека во следните 24 часа ќе следи негова официјална објава во врска со Сирија.

Најавата доаѓа во време кога европските сојузници и Русија чекаат да видат како Трамп ќе ја спроведе во дело одлуката што ја донесе во декември минатата година за повлекување на 2.000 американски војници од Сирија.


– Ние имаме многу одлична објава поврзана со Сирија и успех во искоренување на калифатот (на Исламската држава) и тоа ќе биде објавено во следните 24 часа, изјави Трамп.