Традиција контра технологија: Како ѕвездите ги честитаат празниците?


САД-Познатите личности имаат интересна традиција – тие секоја година изработуваат новогодишни и божиќни честитки, со кои на своето семејство, пријатели и обожаватели им посакуваат среќни празници.

Некогаш убавите празнични желби се испраќаа преку пошта. Но, со развојот на технологијата, поштарот го заменија телефонските пораки, а во последно време и социјалните мрежи. Ниту богатите и славните не се исклучок.

Популарните ѕвезди неретко се одлучуваат да ја прикажат својата божиќна честитка на Твитер или Инстаграм, посакувајќи им најубави желби на најблиските, а патем и на целиот свет.