Трагедија за Германија во Русија


Светскиот шампион елиминиран од Мундијалот во Русија
Фудбалерите на Јоаким Лев претрпеа сензационален пораз со 0:2 од Јужна Кореја во последниот натпревар во групата „Ф“ на Светското првенство во Русија. И двата погодоци беа реализирани во дополнителното време – во 93-та Јонг-Гвон Ким беше прецизен за 1:0, а во 96-та Сон Хун-Мин го оформи крајниот резултат.
Германците имаа потреба од победа, но не успеаја да го совладаат расположениот голман на Јужна Кореја.
Светските шампиони од 2014 останаа на последното четврто место во групата со три поени.