Трагедија во БиХ: Татко ги убил трите деца и се самоубил


Ужасна трагедија ја потресе Босна и Херцеговина и регионот, татко ги убил своите три деца, а потоа се самоубил. Трагедијата се случила вчера попладне во градот Бихаќ.

Службеници од Министерството за внатрешни работи и обвинителството и денеска продолжуваат со увидот на местото каде триесет и седумгодишниот Адмир Совиќ ги убил своите три деца. Деталите за ова злосторство уште не се соопштени.

Познато е дека Ахмир имал седум години, Неила пет години, а Ајлан две години. Соседите на семејството Совиќ не го познавале добро Адмир бидејќи се доселил со семејството неодамна. Наводно, тој и сопругата се развеле, но заедно се гружеле за своите деца.