Трагедија во Битола: Мајка и син изгореа во пожар


Мајка и син загинаа во пожар што се случи рано изутрината во семејна куќа во Битола.

Причина за пожарот, според првичните сознанија на битолските пожарникари, е старата електрична инсталација на куќата што се наоѓа на ул. „Девејани“ бр. 115.

Костадин Поповски, командир на Територијалната противпожарна единица – Битола, изјави дека пожарот бил пријавен утрото во 4 часот и 5 минути. Веднаш е испратена екипа со пет пожарникари и две противпожарни возила, но кога стигнале пожарот веќе бил во развиена фаза и ја зафатил кровната конструкција.

Настрадани во пожарот се мајка (50) и син (меѓу 16 и 18 години).

Поповски апелира до граѓаните да внимаваат во ноќниот период во своите домови да не оставаат отворен оган