Тотенхем го продолжи договорот и со Ерик Ламела


Само по неколку часа откако Сон Хеунг-мин потпиша нов договор со Тотенхем, од лондонскиот клуб соопштија дека и Ерик Ламела денеска го продолжил договорот.

Ламела ќе остане во Тотенхем до 2022 година. Аргентинскиот фудбалер поради повреда го пропушти поголемиот дел од минатата сезона, но сепак клубот му понуди нов договор.

Тој во лондонскиот клуб дојде во 2013 година од Рома, а досега има настапено на 110 натпревари.