Тортијада во Илинден


Општина Илинден утре во Домот на културата „Илинден“ ќе биде домаќин и покровител на традиционалната 12-та по ред хуманитарна манифестација Тортијада „Слатка мистерија 2018“, што се организира во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА.

Од општината информираат дека тортијадата на која ќе учествуваат аматери и професионалци слаткари, претставници на неколку општини, ќе се реализира во два дела-ревијален што ќе почне во 16,30 часот и официјален дел што ќе почне во 20 часот.

Во ревијалниот дел граѓаните ќе можат да ги разгледаат изложените торти и да гласаат според нив за најдобрата.

Во официјалниот дел ќе бидат изложени и избрани најдобрите торти во професионална и аматерска конкуренција. тортите пото аќе се продадат на лицитација. Собраните пари од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарното Здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“.

Тортијадата традиционално ќе биде збогатена со културно-уметничка програма подготвена од учениците и децата од градинката од општина Илинден.