Тинејџер загина кај Визбегово


Тинејџер од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 2.30 часот на улицата „Јадранска магистрала“ кај Визбегово. Управувајќи автомобил „мерцедес“, Д.К. (18) изгубил контрола и излетал од патот. Возачот загинал на самото место, додека другите двајца сопатници се здобиле со повреди и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата. По увидот, се утврдуваат причините за несреќата.