Тинејџери во Кавадарци повредени при пад со мотор


Во понеделникот, двајца тинејџери на возраст од 17 години, се возеле на мотор, паднале и се повредиле.
Како што соопшти полицијата,  во 18.30 часот на патот Кавадарци – село Брушани, Д.С.(17) од Кавадарци управувајќи мопед марка „Гланз 50“ со кавадаречки регистарски ознаки излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот В.П.(17) од Кавадарци.
На лицата им е укажана лекарска помош во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.