Тимоти Шаламе: Најдобро облечена машка ѕвезда на „Златните глобуси“


САД– Новата актерска ѕвезда Тимоти Шаламе (23) кој беше номиниран за „Златен глобус“ за  улогата во „ Beautiful boy“  беше најдобро облечената машка ѕвезда на црвениот ќилим. Неговиот избор –„Луј Витон“ го пофалија модните критичари, а тој и претходно негувал смел стил на гала настаните.

Шаламе кој лани беше во трка за Оскар за улога од филмот „Secret Love“ е во врска со Лили Роуз Деп, ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, а пред Лили, беше во врска со ќерката на Мадона, Лурдес.

И останатите машки ѕвезди за вечерта избраа костуми на славни модни куки како Диор, Гучи, Живанши, Етро, Зења…